19:00 - 4 ноември, 2026

(Фото+видео) Милица Тодоровиќ очи в очи со поранешниот партнер на настан во Белград: Со години не се виделе, сите зборуваат за оваа средба

Српската пејачка Милица Тодоровиќ синоќа се појавила на настан во Белград, каде што била една од членовите на жирито, но немала поим кој ќе биде таму. Милица се сретнала лице в лице со своето поранешно момче, кореографот Милош Пауновиќ.

Милица дошла во придружба од својата сестра, во елегантен и многу впечатлив комбинезон кој ги истакнал нејзините бујни гради.

Поранешните партнери срдечно се поздравиле, а нивната средба се протекла во многу пријатна и опуштена атмосфера. Милош цело време бил насмеан и расположен, а очигледно било дека му е мило што ја гледа Милица. Ниту таа не го криела доброто расположение, па по краткиот разговор сите заедно се упатиле кон салата.

На членовите на жирито им се придружиле и Душан Петровиќ и пејачката Маја Беровиќ.

Инаку, станува збор за Мис Универзум Србија, а споменатиот настан собрал бројни јавни личности од различни сфери на животот.

Милош Пауновиќ и Милица Тодоровиќ беа во долгогодишна врска за која медиумите со години пишуваа. Меѓутоа, во 2019 година тој буквално исчезна од медиумите и долго време ништо не се знаеше за него. Јавноста своевремено беше во шок бидејќи на почетокот на врската со Милица, Пауновиќ сè уште беше во брак со Андреа, поранешната претставничка на Црна Гора на Евровизија.

Иако пејачката се обидуваше да ја скрие врската со оженет маж, папараците ги разоткрија и ги фатија како се бакнуваат. Скандалот доби поголеми размери бидејќи сопругата на Милош во тоа време беше бремена, а тој и Андреа добија син само неколку месеци пред јавноста да дознае за неговата афера со Милица.

 

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....