По смртта на својот брат Драган Лазиќ, пејачот Дарко Лазиќ реши да ја посети Света Гора. На патувањето тргна заедно со колегата Саша Капор и сопругот на неговата поранешна сопруга Ана Севиќ, Даниел Недељковиќ.
Лазиќ сподели видео од светото место, а според објавите, Даниел се обидува да му помогне на пејачот да се избори со тешкиот период и да му го одвлече вниманието од семејната трагедија.

Во меѓувреме, јавноста реагираше откако се појави снимка на која Дарко се враќа на музиката пред да поминат 40 дена од смртта на брат му.
Неговата сопруга Катарина Лазиќ застана во негова одбрана и испрати силна порака на социјалните мрежи.
„Не се врати затоа што му е лесно. Се врати затоа што мора – поради своите деца, поради семејството, поради одговорноста што ја носи. И покрај сè, остана достоинствен и професионален, почитувајќи ја својата публика и својата работа. Горда сум на неговата сила. А сите што осудуваат, се надевам дека никогаш нема да мора да ја разберат оваа ситуација“, напиша Катарина.
Поддршка му даде и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ.
„Колкава сила е потребна за ова… Секоја чест“, напиша таа.
