17:25 - 6 ноември, 2026

(Фото+видео) Адриан Гаџа сподели емотивни моменти со петмесечниот син

Пејачот Адријан Гаџа се наоѓа во најубавиот период од својот живот. На социјалните мрежи тој неодамна сподели емотивен момент, фотографија на која во нежна прегратка го држи својот неколкумесечен син.
​Адријан Гаџа стана татко на 8 мај. Радосната вест ја сподели лично тој, објавувајќи ги тогаш првите фотографии од новороденчето, кои веднаш предизвикаа честитки и убави желби од колегите и пријателите.
​Зад оваа семејна идила стои и неговата сопруга Сидорела Даути. Парот ја круниса својата љубов со брак во февруари, непосредно пред раѓањето на нивниот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Gaxha (@adriangaxha)

Иако Адријан со години се трудеше да го задржи својот приватен живот далеку од очите на јавноста, веста за нивната венчавка и брзото проширување на семејството одекна како најубава вест во јавноста.
Мајката на Адријан, за која тој често истакнува дека му е огромна поддршка, не ја криеше гордоста што стана баба и често споделува убави семејни моменти со снаата и новородениот внук.

​Јавноста најмногу го памети Адријан Гаџа по неговото претставување на Македонија на Евровизија во 2008 година во Белград, каде што настапи со Тамара Тодевска и Врчак со песната „Во име на љубовта“ (Let Me Love You).

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....