06:39 - 12 март, 2026

(Фото) Вака се славеше за синот на Александра од МТВ, еве кој носеше мекици за пријателите

Откако се породи новинарката Александра Јовановска, водителката на емисиите „Наш подиум“ и „Стисни плеј“ на МТВ, една важна личност беше задолжена за частење по повод раѓањето на синот.

Станува збор за пејачката и водителка Јана Бурческа, која работи заедно со Александра. Среќната мајка објавила фотографија од Јана како носи мекици за новороденчето и напишала: „Тетка Јана, доставувач на мекици“.

Фото / Инстаграм

Инаку, Александра и нејзиниот партнер Ангел го добија синот Лука, а новинарката ова го објави на својот инстаграм-профил, а претходно, шармантната новинарка не објави јавно за својата бременост.

А, убавата вест, прва ја сподели токму нејзината колешка, пејачката и водителка Јана Бурческа.

Партнерот на Александра Ангел Здравковски е музички продуцент и диџеј на псај-транс музика со интернационална кариера.

– Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. 22 години се навистина значајна бројка, но ниту тој, ниту јас сме оптоварени со времето. Не го сметаме за товар, ни за голем успех. Живееме заедно,. Секоја љубов е приказна за себе – рече Александра во една прилика.

Јана Бурческа и Александра Јовановска Фото / Фејсбук

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....