17:09 - 10 ноември, 2026

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Популарната пејачка Наташа Беквалац отсекогаш привлекувала внимание од домашните медиуми, а нејзините чекори често се следени од папараци. Сега, по подолго време, екипа на „Папарацо лов“ се упати на Дедиње, луксузната населба каде што живее, со цел да го следи нејзиното секојдневие.

Првиот ден, искусните папараци ја снимиле пејачката заедно со помладата ќерка Катја и со детската негувателка, додека го носеле девојчето кај стоматолог. Наташа ја возела наследничката до друг крај на градот, а на враќање, заради сообраќајниот шпиц, патот до дома им се продолжил.

Вториот ден бил работен – Наташа е снимена за време на конференција во центарот на градот заедно со политичарот Драшко Станивуковиќ и колегата Ацо Пејовиќ, по повод најавениот настап во Бања Лука.

Третиот ден, пак, го поминала работно. Пејачката стигнала во зграда на телевизијата „Пинк“, каде што снимала празнично издание на емисијата „Премиера“. Веднаш по завршувањето на снимањето, папараците ја следеле за да откријат со кого и како го минува времето.

Натааша потоа се упатила со сестра ѝ Татјана во фотографско студио каде имала закажано фотосесија. Сепак, иако папараците очекувале „жешки кадри“, овој пат тие изостанале.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....