12:30 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Тебе ти дозволив“: Лила со уште една трогателна приказна за борбата со ракот

Лила Филиповска во емотивна објава раскажа за тешкиот период низ кој поминала, поточно борбата со ракот и рече што е она што морала во тој момент да го направи.

– Тебе ти дозволив да ја скратиш мојата коса кога немавме друг избор. Не дозволи да правиме драма од тоа туку смислуваше фризури и правеше сѐ да ми биде полесно. И ми беше! Покажа грижа, поддршка и разбирање во секој поглед.

Ова е приказна за доверба, благодарност и пријателство што ќе трае… фала ти драг мој Зоки Давитков – напиша водителката и инфлуенсерка со фотографија од себе со познатиот стлист.

Лила објави сексапилна фотосесија со него, и покажа дека на 54 години изгледа одлично.

Фото / Инстаграм

– Драги мои дами, сега облеков розово за да ве потсетам редовно да се прегледувате и да не чекате, бидејќи раната превенција значи живот!

Изберете живот и не заборавајте канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате. Проверете се и уживајте во животот -напиша таа на својот инстаграм-профил во 2023 година, по операцијата  на ракот на дојка.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....