10.8 C
Скопје
17:35 - 29 март, 2026

(Фото) „Те сакам, ми требаш“: Сопругата на Андреј од „ДНК“ со срцепарателна порака

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од „ДНК“ сподели срцепарателен спомен на својот сакан, кој трагично загина во пожарот во Кочани на 16 март.

Таа објави фотографија од Андреј и раскажа како се чувствува низ песната која ја сподели, од Бенсон Бун:

-Те молам остани. Те сакам, ми требаш, о Боже не земај ги овие прекрасни работи што ги имам – е рефренот на песната преведен од англиски кој Наталија го споделила со неговата фотографија.

Фото / Инстаграм

Неодамна, Наталија сподели персонализирана фотографија со циркони која е изработена специјално за Андреј, а покрај неа пишува:

– Во чест на нашиот непреболен Андреј од „ДНК“. Твојата енергија, твојот глас и твојата насмевка останаа како ехо што никогаш не замолкнува.

Препознатлив, неповторлив, глас што носеше радост, љубов и младешка сила. Секој блесок на цирконите ја раскажува твојата приказна.

Ти благодарам Андреј, што остави трага што свети и понатаму. Оваа фотографија ја посветуваме на семејството на Андреј и на сите негови обожаватели – пишува во посветата.

Андреј и Наталија се венчаа во октомври во 2015, а на 29 ноември истата година им се роди ќерката Јана.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....