17.8 C
Скопје
19:00 - 3 октомври, 2026

(Фото) Тајзи се ожени, а свадбата се претвори во вистински спектакл – Слаткар, Пајак и 2Бона направија хаос

Македонскиот музичар Драган Величковски – Тајзи, на Петровден (12 јули), стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Ангела Анчевска, со која неодамна открија дека го очекуваат и своето прво дете.

Младенците свадбената прослава ја отворија со романтичен валцер. Невестата блесна во раскошна венчаница од тул, додека Тајзи се одлучи за елегантен бел свечен костум со машна-пеперутка.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Како што одминуваше вечерта, атмосферата стануваше сè повесела. Покрај современата музика, за гостите свиреа и зурли и тапани, а веселбата траеше до доцна во ноќта.

Вистинската кулминација следуваше кога на сцената му се придружија неговите колеги и пријатели. Тајзи заедно запеа со Слаткаристика, Пајак и 2Бона, претворајќи ја свадбата во вистински мини-концерт.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

На свадбената прослава присуствуваа бројни личности од македонската музичка сцена, а дел од атмосферата заврши и на социјалните мрежи. Слаткаристика сподели видео на својот инстаграм-профил, на кое се гледа дел од веселбата, а во описот кратко напиша: „Го оженивме Тајзи“.

Тајзи и Ангела се свршија пред околу пет месеци, а нивната свадба доаѓа само неколку недели откако со јавноста ја споделија убавата вест дека наскоро ќе станат родители.

Слични објави

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Е.А.

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо
Се вчитува....