13:31 - 1 април, 2026

(Фото) Таа му беше сѐ по загубата на татко му: Ретка слика од Владо Јаневски со мајка му Перса

Владо Јаневски во една прилика има кажано дека му е тешко кога ја пее песната посветена на неговиот покоен татко, а по неговата смрт мајката му беше сѐ.

-Немам обичај да ги објаснувам моите песни, но тешко ми е кога ја пеам „Што и да е ќе помине“ , посветена на мојот татко- рече пејачот и автор на еден концерт. Откако го загуби татка си, најголемата поддршка му беше мајка му Перса.

Токму една слика од мајка му се појави на социјалните мрежи, а е исечок од весник. На сликата може да се забележи дека Владо многу личи на мајка му. Тој има и сестра за која зборуваше во една прилика.

Владо Јаневски со мајка му Фото / Фејсбук

-Сестра ми ме научи да готвам. Таа си има свое семејство и не можев постојано да одам кај неа на ручек. Па ѝ реков: „Сестро драга, како се прави ова и ова?“ Ме научи да правам осум јадења, и кога не сум излезен некаде на ручек или вечера, знам тие да ги зготвам- рече Владо Јаневски додека живееше во Скопје. Во последните неколку години пејачот живее во Гевгелија.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....