22:16 - 9 ноември, 2026

(Фото) Супермоделката од 90-те Карла Бруни во неверојатна форма открива: „Вложувам бескрајни напори за да останам фит“

Поранешната супермоделка Карла Бруни изгледа неверојатно и на 54 годишна возраст, како времето да не минува за неа, и таа се уште е инспирација дури и за двојно помладите колешки од светот на модата и убавината.

Но, иако се чини дека го открила рецептот за еликсирот на вечната младост, вистината е дека таа прави многу жртви за да ја задржи својата убавина „недопрена“ и покрај одминувањето на времето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Бруни, тоа не го крие, и детално објасни што прави секој ден за да се одржи во топ форма на 54 години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)


Манекенката, пејачка, музичарка и сопруга на поранешниот претседател на Франција Никола Саркози (роден во 1955) за да ја сочува својата вродена убавина се откажува од бројни задоволства.

Во неодамнешното интервју за шпанското издание на Венити фер, Карла зборуваше за односот со своето тело и нејзиниот шарм:

„Немам посебен однос со убавината, ниту онаа што ми се припишува, ниту онаа на другите. Возвишената убавина може да ме фасцинира во Ава Гарднер, Моника Вити или Роми Шнајдер, но повеќе сакам грациозност и шарм. Освен тоа , никогаш не ме привлекувала чиста убавина. Се плашам од стареењето, па дури и од смртта“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Легендарната манекенка од 90-тите објасни и дека работи напорно за да ја одржува формата: секој ден се посветува на тренинзите по два часа. За неа, сепак, убавината не е важна, харизмата и шармот се основни и токму поради оваа причина таа не е опседната со вечната младост. За Бруни најважно е да остане природна, и – како што вели – горда е на првите брчки што се појавуваат на лицето.

Жената која ја инспирира? Џејн Фонда, која успеа да направи од харизмата нејзино главно оружје за заведување.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....