16:41 - 7 април, 2026

(Фото сторија) Убава како орхидеја, весела како градина во пролет, таква е Емилија Велковска и нејзиниот двор

Секогаш со насмевка на лицето Емилија Велковска денес нè огреа како сонце. 

Емче работи како продавчка, ужива и во работата во дворот, со радост се грижи и за цвеќињата и за кучето Бак, а ужива и во бременоста – таа е во седмиот месец.

Сепак, не нè одби да ни позира и со задволство ни го покажа дворот и пријатно си помуабетвме на тема цвеќиња.

Дворот на Емилија е прилично голем, се простира на 800 метри квадратни, се наоѓа во скопско Драчево. Во него секое цветче и растение си има своја смисла, приказна и симболика.

– Од љубовта ја црпам оваа животна радост, љубовта кон сопругот, семејството, цвеќињата, неповтрливиот палавко Бак – ни вели Емче.

Омилено цвеќе на Емче е орхидејата. Кактуси, петунии, темјанушки, дрво на среќата, палма…дворот изобилува со бројни убавици во најразлични форми и бои. А меѓу сите нив, таа, иста како цвеќе.

Инаку, Емилија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

Фото – приватна архива

Негователка и на деца и на цвеќиња; позитивноста и љубовта се двата „закони“ на Ани

 

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....