3.8 C
Скопје
02:00 - 14 март, 2026

(Фото) Соработникoт на Северина за влакно ја избегна смртта! Се огласи пејачката, еве ги деталите

Познатиот хрватски гитарист и долгогодишен соработник на Северина, Иван Пешут за влакно ја избегна смртта!

Се се случило на автопатот А1 меѓу клучката Карловац и клучката Јастребарско во правец кон Загреб, кога автомобилот на Иван почнал да гори, без тој да забележи. За среќа, возач на камион го видел ова и почнал да панично да свири за да го привлече вниманието на Иван веднаш да застане.

„Сакам да им се заблагодарам на сите од срце што застанаа да помогнат, иако сето тоа се случи за две минути. Неколку луѓе излегоа со противпожарни апарати, а побезбедно беше само да се оддалечат. Голема благодарност до членовите на Хрватскиот воен оркестар и на интервентните полицајци кои случајно минуваа оттука и понудија помош“, напиша Иван и додаде:

„Големо фала на пожарникарите, а најмногу на возачот на камионот кој огнот под автомобилот го виде пред нас, почна да свири за да сфатиме дека нешто не е во ред, па со камионот овозможи да преминам на десната страна и да пробам да застанам со возилото кое во тој момент веќе немаше кочници. Главата ми е на рамениците. Идеме понатаму“.

Набргу по оваа случка се огласи и Северина.

„Ова е твој втор роденден, сите славиме што ништо не ти се случи“ – му напиша пејачката на Инстаграм.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....