01:19 - 5 април, 2026

(Фото) „Сопругата“ на Канје Вест пак претера во Италија: Наместо блуза, перница од хотелската соба врз голите гради

„Сопругата“ на Канје Вест, Бјанка Цензори, пак претера со голотијата, но сепак уште еднаш го покажа својот оригинален стил во облекувањето, излегувајќи во хулахопки, проѕирни пластични чевли и покривајќи ги градите со кадифено перниче.

Канје Вест пак, изгледаше како и обично: бос, но облечен во чорапи, црна маичка, црн дуксер со качулка и марама завиткана околу главата.

Тие се прошетаа низ Фиренца, а потоа отидоа на шопинг во Милано, каде беа фотографирани во еден моден бутик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nssmagazine (@nssmagazine)

инстаграм

Подоцна се покажа дека кадифената перница е навистина само перница, а не оригинална облека. Бјанка ја позајмила од нејзината хотелска соба.

Додека беа на одмор во Фиренца, Вест (46) и Цензори (28) престојуваа во Royal Suite della Gherardesca, голема палата од петнаесеттиот век лоцирана на теренот на „Фор Сизн хотел Фиренца“.

Како што се гледа на фотографиите од собата, софата во дневната соба е украсена со кадифени перници во нијанса на лаванда идентични на перницата што Ценсзори ја држи на сега веќе виралните фотографии.

принтскрин твитер

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....