14.8 C
Скопје
01:13 - 10 октомври, 2026

Попоски со убави метео вести: Се враќа летото кај нас и во целиот регион, еве кога

– Од овој викенд во Македонија, но и во целиот регион, а особено важно за соседна Грција за сите што планирате одмор токму во оваа наша соседна држава, се враќа летото и сонцето, што значи дека ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, но сепак утрата ќе бидат свежи.

Стабилното, суво, сончево и топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, што значи дека ќе бидат натпросечно високи.

Натпросечно топло ќе биде во целиот регион.

Во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и топло време преку денот, додека наутро ќе биде релативно свежо со минимална температура која ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 30 степени- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Попоски со анализа на времето за претстојната есен: Очекуваме натпросечно високи температури!

Слични објави

Откриени се детали за здравствената состојба на Саша Ковачевиќ откако ги одложи концертите

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ се огласи од Бали: „Дојде моментот да споделам со вас…“

Еспресо

Ника Тошиќ уживаше во друштво на татко ѝ Душко, Јелена Карлеуша веднаш ја „искритикува“

E.A.

Ѓоле Ѓогани разочаран поради односот на Лепа Брена

E.A.

Саша Ковачевиќ ги одложи концертите по операцијата: Организаторите ги открија деталите

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо
Се вчитува....