5.8 C
Скопје
01:52 - 1 април, 2026

(Фото) Софија Вергара го покажа новиот љубовник: Докторот е „боли глава“

Колумбиската и американска актерка и модел Софија Вергара продолжи да ужива на одмор во Италија во друштво на своето ново момче, доктор Џастин Салиман. На 23 јули, таа сподели на Инстаграм фотографии од нејзиното романтично бегство во луксузна селска вила.

52-годишната актерка номинирана за Еми изгледаше прекрасно во светложолт тесен фустан со нагласено деколте во комбинација со бели патики додека седеше на фотелја. Нејзините долги темни прамени беа стилизирани во меки бранови, а нејзината суптилна шминка изгледа многу природно. Ѕвездата од серијата „Гризелда“ на едната рака носи неколку златни алки и тенко синџирче со привезок во форма на срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Нејзиниот љубовник ортопедски хирург изгледаше опуштено во бела маица и шорцеви. Џастин Салиман е навален на зелен кауч под сенката на борови дрвја.

instagram
инстаграм

Вергара ги коментираше објавените фотографии користејќи едно емоџи со црвено срце. Двојката е во врска од октомври 2023 година, но не се експонира во јавност.

Обожавателите ја бомбардираа колумбиската убавица со ласкави коментари: „Ти си најубавата дама на светот“, „Сигурен сум дека ти си го фотографирала Џастин, неговите очи гледаат право во тебе„, „Мојата кралица!“ „Ти си магична“.

(Фото) Џенифер Лопез ја покажа својата фигура во костим со длабоко деколте: „Ова сум јас… сега“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....