4.8 C
Скопје
01:53 - 5 октомври, 2026

(Фото) Славната Касандра воодушеви со фотографиите во бикини: На 52 години има тело на кое завидуваат и двојно помлади

Во деведесеттите години на минатиот век речиси и да немаше дом во кој секоја вечер семејството не се собирало за да ја гледаат омилената латиноамериканска сапуница „Касандра“. Љубовната приказна на главната хероина која пораснала во циркус и на богатиот наследник Ингасио, генерациите ја следеа без трепкање од недела во недела, а токму оваа улога ја прослави Кораима Торес.

Касандра, која денес има 52 години, и понатаму плени со убавина. Таа на социјалните мрежи често споделува атрактивни фотографии, а сега покажа како изгледа без грам шминка.

Кораима е и понатаму вистинска убавица, но не крие дека многу води сметка за својот изглед. Често на своите следбеници таа им покажува како изгледаат нејзините тренинзи благодарение на кои гордо позира во бикини.

Актерката неодамна сподели фотографија во тиркизно бикини на јахта, позирајќи со „челичните“ стомачни мускули, кога многумина забележаа дека има значително поизразено деколте отколку во серијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CORAIMA TORRES (@lacoraima)


Инаку, славната Касандра е родена на 6 јуни 1973 година во Валенсија во Венецуела, како најмладо од четири деца. Со актерство почнала да се занимава кон крајот на осумдесеттите, во теленовелите „Гарденија“ и „Алондра“.

Публиката во регионот ја обожаваше оваа актерка која со својата животна приказна анимираше милиони гледачи, нејзините солзи и среќа беа и емотивни моменти на публиката.

Да потсетиме, Кораима е во брак со колегата Николас Монтеро, со кого го има синот Мануел Николас. Таа е многу е активна на социјалните мрежи Тикток и Инстаграм, каде постојано снима смешни видеа и не престанува да воодушевува со атрактивниот изглед во шестата деценија.

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....