7.8 C
Скопје
19:46 - 31 март, 2026

(Фото) Скапа навивачка облека: Колку чини модниот избор на Колинда со која ги собра погледите во Катар

Колинда Грабар Китаровиќ, поранешната претседателка на Р.Хрватска, како што им вети на своите фанови на социјалните мрежи пристигна во Катар и веќе беше дел од навивачите на трибините кога Хрватска играше против Канада (на 27 ноември). Тогаш носеше преубава народна носија во бела боја со црвени везови и секако, привлече внимание.

Но подоцна, на натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија, поранешната претседателка на Хрватска облече преубава кошула во црвено-бели квадратчиња. Повторно привлече внимание со модниот изглед.

Преубавата кошула е од луксузната модна марка Луј Витон.

Станува збор за моделот на Louis Vuitton Giant Damier од минатогодишната колекција кој е речиси распродаден бидејќи на интернет може да се најдат само неколку парчиња.

Инаку, цената на кошулата не е за сечиј џеб, а со достава до Хрватска чини и до 1800 долари.

Дизајнерот на Луј Витон и Оф-Вајт Вирџил Абло е познат по тоа што е голем обожавател на дресот на Хрватска, па минатото лето позираше во кошула со црвено-бели квадрати на отворањето на бутик во Капри.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....