8.8 C
Скопје
13:43 - 22 декември, 2024

(Фото) Сите детали за свадбата на Марк Ентони и Надија Фереира: Венчаница од соништата, вип гости кои танцувале до зори, латино музика и латино храна…

Марк Ентони, пејач и танчер и поранешен сопруг на Џенифер Лопез, се ожени за Надија Фереира, модека – поранешна Мис Универзум, и приреди огромна забава за нивните гости, од кои многумина припаѓаат на забавната и музичката индустрија и се долгогодишни пријатели на салса титанот. Забавата се случи во саботата.

Марк Ентони и Надија Фереира се свршија во мај и имаа неколку месеци да ја планираат свадбата,  а градоначалникот на Мајами беше службеник на венчавката, и тоа доволно кажува од каков ранг била церемонијата.

На големата забава присуствуваа 250 гости, речиси сите од А листата меѓу кои- Дејвид и Викторија Бекам со децата Харпер, Ромео и Круз, Салма Хајек, Лин Мануел Миранда, Деди Јенки, Малума, Марко Антонио Солис, Луис Фонси, Ромео Сантос, Лин Мануел Миранда, Ентони Рамос, Леа Ремини и Дејвид Грутман.

Џенифер Лопез и Бен Афлек, како и децата на Лопез, Макс и Еми (15), не присуствуваа на свадбата.

Гости на парот пристигнале на церемонијата во саботата во 19часот. и се забавувале во текот на ноќта, а повеќето гости го напуштија местото дури околу 4 часот наутро.

Фереира (23) носеше чипкана венчаница од Галија Лахав, додека Ентони (54), беше облечен во костум од Кристијан Диор.

Диџеј Касиди, кој беше диџеј и на венчавката на Џеј Зи и Бијонсе, а неодамна и на свадбата на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, беше задолжен за забавата, а настапил и сопругот на  Ремини, Анџело, со латино нумери. Се служела и латино храна заедно со стек и јастог.

Кесиди ги привлече сите на подиумот со мешавина од песни кои ги вклучуваа „September“ на Earth Wind and Fire, „Despacito“, „Give Me Everything Tonight“,  „We Are Family“ и се разбира, класиката на Ентони „Vivir mi Vida“.

Првиот танц на парот бил на песната „You Are So Beautiful” на Џо Кокер пред да почнат говорите за свадбената церемонија. Дејвид Бекам, кој е кум на Ентони, прв одржал говор.

По церемонијата, диџеј Касиди ги покани гостите на вториот кат на музејот на понатамошна забава, од каде имало неверојатем поглед. Според извор присутен на забавата, толку било весело што ниту еден гостин не седел, туку сите танцувале. Покрај невестата и младоженецот, изворот вели дека Дејвид и Викторија Бекам биле на подиумот цела ноќ, а Дејвид и Ентони дури имале и заеднички настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Grutman (@davegrutman)

Меѓу повеселите гостинки која танцувала цела вечер била и Салма Хајек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Оваа свадба го одбележува четвртиот брак на Ентони. Тој претходно беше во брак со Дајанара Торес од 2000 до 2004 година, со Лопез од 2004 до 2014 година и со Шенон Де Лима од 2014 до 2017 година.

Џенифер Лопез и Марк Ентони имаат две заеднички деца. Суперѕвездите се разведоа во 2011 година и решија да го започнат својот живот со други луѓе. Додека Џеј Ло му се врати на актерот Бен Афлек, по 20 години врска, и се омажи за него минатата година, порториканско-американскиот музичар, започна врска со кралицата на убавината Надија Фереира

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....