5.8 C
Скопје
03:27 - 1 април, 2026

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ како мал фудбалер: Пејачката ги разнежни следбениците со нова фотографија

Пејачката Марија Шерифовиќ повторно го стопли срцето на своите обожаватели, овојпат со фотографија која предизвика насмевки на лицата на многумина.

На сликата што денеска ја сподели на Инстаграм, нејзиниот син Марио е облечен во мал фудбалски дрес со високо подигнати чорапи – токму како вистински професионалец на теренот. Иако има само нешто повеќе од една година, малиот Марио изгледа како вистински спортски ас во најава.

„Почна“, напиша пејачката кратко во описот, алудирајќи дека нејзиниот син полека го открива своето интересирање за топката и спортот.

Марија, која од раѓањето на својот син посветено се грижи за него, често споделува моменти од нивниот заеднички живот, исполнет со љубов, сигурност и игра.

Пејачката повеќепати отворено зборуваше за тоа колку ѝ значи мајчинството и за патот до него. Како што е познато, Марија стана мајка благодарение на сурогат мајка, за која зборуваше со голема благодарност.

„На Балканот, за жал, сè уште има луѓе што мислат дека сурогатството е нешто нечовечно. А вистината е спротивна – тоа е процедура која бара илјадници документи и целосна заштита на мајката. Жената што ми го роди синот имаше целосна грижа, масажи, чистачка, поддршка… Тоа не е робовладетелство, туку чин на љубов“, рече таа во едно свое интервју.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....