16:51 - 23 ноември, 2026

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ го слави вториот роденден: „Мое меко русо момче“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ денеска го слави вториот роденден на својот син Марио. Музичката ѕвезда, која го доби момчето со помош на сурогат-мајка, објави неколку фотографии и видеа на социјалните мрежи, придружени со емотивна порака која разнежи многумина.

Шерифовиќ сподели кратко видео на кое Марио весело удира по тапани, а неговото лице, традиционално, повторно е покриено со препознатливиот емотикон хамбургер. Веќе две години пејачката упорно го чува неговиот идентитет далеку од јавноста, одлука која добива широка поддршка од нејзините следбеници.

Во продолжение, Шерифовиќ објави и заедничка фотографија, а покрај неа напиша емотивна роденденска порака.

„Сине мој, моја радост најголема.

Денес славиме заедно. Го славиме твоето животче и мојот втор роденден откако бев избрана да бидам баш јас твоја мајка.

Мое меко русо момче, колку многу ни ги промени животите на сите. Колку многу ти, таков мал и ситен, нè учиш на сè.

Ти благодарам што дојде кај мене, за да ме научиш да живеам повторно. Среќен роденден Марио“, напиша Шерифовиќ.

Фото: Инстаграм/Марија Шерифовиќ

Роденденските објави повторно го отворија прашањето колку мајчинството ја преобрази познатата пејачка. Фановите често коментираат дека Шерифовиќ никогаш не изгледала попосвртена, поспокојна и поповрзана со себе, а самиот Марио е нејзиното најголемо животно достигнување.

Слични објави

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе ти бидам другар“: Обожавателка на Тоше Проески доби винил-плоча од неговото семејство, го чува и пенкалото со кое ѝ дал автограм

К.С.

(Фото) Ноември е месец за топли и елегантни комбинации – одберете го вашиот фаворит од новата колекција во „Капитол“

Еспресо

(Фото+видео) Мис Србија Николина Вујчиќ ќе ја претставува земјата на Мис Универзум во костим инспириран од Никола Тесла

Еспресо

(Видео) „Ни Шутка не е тоа што беше“: Јелена Спенџарска на шопинг во Шуто Оризари, откри што ја разочарало

К.С.

Рецепт за совршен качамак без грутки – тајната за кремаста текстура е во еден едноставен трик

К.С.
Се вчитува....