6.8 C
Скопје
05:48 - 31 март, 2026

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа семејниот возен парк: Неколку милиони евра на едно место

Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ долги години живеат во замок во Виена, а нивното богатство не се огледа само во овој имот, туку тие вложиле пари во бизниси, куќи и автомобили…

Нивниот син Марко се пофали со возниот парк што го поседуваат. Тој сними десетина прескапи автомобили паркирани пред нивниот замок, а нивната вкупна вредност се проценува на околу 3,5 милиони евра, пренесуваат српските медиуми.

Познато е дека членовите на семејството Бијелиќ се големи љубители на автомобили, а во нивната гаража има Ферари, Мерцедес, Ламборџини и Ролс Ројс, а поседуваат и Бентли.

Оваа страст ја пренеле на својот наследник, па така Марко често се фотографира како вози скап автомобил или покрај некој од луксузните автомобили кои се дел од возниот парк.

Од друга страна, ниту ќерката на Драгана, Мануела не е далеку зад Марко, па за својот 18. роденден од родителите доби автомобил вреден 190.000 евра.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....