6.8 C
Скопје
20:41 - 12 март, 2026

(Фото) Што се јадело и пиело на свадбата на синот на Мијалков: Од сицилијански ракчиња до италијанска паста со јастог и шампањ „Кристал“

Не само македонските медиуми, туку целиот регион пишуваше деновиве за гламурната свадба на Јордан, постариот син на поранешниот шеф на УБК Сашко Мијалков и балерината Александра Мијалкова.

Познато е дека на раскошната свадба која ќе се памети како нешто невидено до сега во регионот, двестотината гости ги забавувале и српските пејачки Цеца Ражнатовиќ и Милица Павловиќ, а забавата продолжила до шест часот изутрина со диџеј сетови и журка за помладите.

Милица Павловиќ

Меѓу бројните впечатоци за паметење, особено бил впечатлив и декорот од бели рози кои ги имало насекаде, до толку што некои од присутните се прашувале „од каде може да се најде (и донесе) толку многу бело цвеќе.

Според гласините, за беспрекорноста на настанот бил задолжен врвен италијански евент-мајстор, а секако се служеле и врвни специјалити под палката на врвни италијански готвачи.

Така, на менито се нашле главно морски специјалитети, како сицилијански ракчиња, италијанска паста со јастог, филети од морска риба…, за десерт тирамису со традиционалното италијанско амарето,  и секако неизбежната свадбена торта која подеднакво била фасцинантна (и на изглед и по вкус).

Што се однесува до пијалоците, се служеле врвни вина, меѓу кои и луксузниот шапмањ „Кристал“.

Кулуарските муабети „калкулираат“ дека свадбата би можела да чини околу милион ипол евра, но и дека поспекталураен настан не виделе дури ни оние кои го прошетале светот.

 

 

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....