5.8 C
Скопје
00:50 - 1 април, 2026

(Фото) Шестгодишната ќерка на Ирина Шајк и Бредли Купер дебитираше на црвениот тепих: Преслатка е, личи на тато!

48-годишниот американски актер и режисер Бредли Купер, кој моментално е зафатен со промоција на неговиот филм „Маестро“, ја донесе својата шестгодишна ќерка од супермоделот Ирина Шајк, Леа, за прв пат на црвениот тепих на премиерата во Лос Анџелес. Таа играше мала улога во филмот.

Леа изгледаше гламурозно во фустан со леопард принт на Долче и Габана и блескави златни балетанки. Нејзиниот изглед беше комплетиран со црвено-црна чантичка која ја носеше преку рамо и црвен маникир.

Девојчето им се насмевна на фотографите и очигледно се чувствуваше самоуверено држејќи го за рака својот познат татко. Присутните забележале дека таа е многу слична на Бредли, особено со сините очи и насмевката.

Купер за премиерата се дотера во темно син троделен костум, бела кошула и црна вратоврска во комбинација со црни чевли.

Според IMDb, Леа се појавува во филмот како помлада верзија на ликот на Маја Хоук Џејми Бернштајн.

Ирина Шајк не беше на настанот. Сепак, таа го поддржа таткото на нејзината ќерка со објава на социјалните мрежи, прикачувајќи фотографии и видеа на „стори“. На фотографијата е црно-бел промотивен постер на филмот Маестро, под кој напишала: „Честитки @maestrofilm, ние сме толку горди на тато и Леа“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....