8.8 C
Скопје
22:45 - 21 април, 2026

(Фото) Шер блеска, годините не ѝ тежат: Се гордее на младото момче и не ги крие чувствата кон него

76-годишната Шер се појави во друштво на младото момче и не ги криеше чувствата кон него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volv ☁️ (@getvolv)

Пејачката Шер и нејзиното момче, продуцентот Александар Едвардс, го направија своето прво официјално појавување како пар и не ги криеја чувствата еден кон друг.

76-годишната Шер и 37-годишниот Александар Едвардс присуствуваа на ревијата на Версаче FW’23/24, која се одржа минатиот четврток, на 9 март, во Пацифик дизајнерски центар во Западен Холивуд (Калифорнија, САД). Пејачката беше облечена во виолетова нијанса. Носеше кожна јакна, тесен комбинезон и чизми до глуждови со високи потпетици.

Нејзиното момче пак, се појави во црна јакна со златни копчиња, поло маица и панталони.

Тие им позираа на фотографите во прегратка, се држеа за раце и се бакнуваа.

Во ноември минатата година Шер ја потврди аферата со продуцентот Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа.

„Љубовта не познава математика. Јас не штитам нас. Хејтерите ќе мразат… Нема врска, затоа што сме среќни и не замараме никого. И не грижете се, јас сум заљубена, но не и заслепена од тоа“, напиша таа на Твитер.

Во декември Шер навести за нејзината свршувачка со Александар Едвардс. Пејачката објави фотографија со пртсен на раката пишувајќи: „Без зборови, Александар“. Сепак, подоцна таа увери дека таа не добила предлог за брак, а прстенот кој побрза да го покаже на социјалните мрежи е само „подарок“.

Слични објави

„Како да не се мои деца“: Ела Дворник проговори за своите ќерки кои не живеат со неа

Еспресо

Марија Кулиќ примена во болница: „Ќе бидам тука додека не ги направам сите анализи“

Еспресо

(Фото+видео) Сите трансформации на Северина: Како изгледала пејачката пред 36 години?

Еспресо

„Молчев шест месеци“ – Маја Шупут ги шокираше сите со деталите за разводот од Ненад Татаринов

Е.А.

Последната Мис Југославија со години ја делеше сцената со Тина Тарнер, а денес е успешна бизнисменка

Т.Ц.

Вук Моб се огласи по тепачката во кафеана – „Ми го навреди покојниот татко, го доби тоа што го бараше“

Е.А.
Се вчитува....