10.8 C
Скопје
21:40 - 3 април, 2026

(Фото) Шакира во суперсекси издание на „Ем-ти-ви“ видео-музичките награди: Светкав фустан со длабоко деколте и висок шлиц

Во текот на својата кариера, колумбиската пејачка освои четири видео музички награди.

46-годишната колумбиска пејачка Шакира присуствуваше на MTV Video Music Awards 2023, каде ѝ беше доделена наградата Vanguard.

На настанот, кој се одржа во Prudential Center во Њуарк, Њу Џерси, уметницата се појави во луксузен и секси моден изглед.

Движејќи се по црвениот тепих, мајката на две деца ја покажа својата совршена фигура во фустан од Версаче со длабоко деколте и шлиц до бутовите.

Но, штом пејачката ја смени позата пред фотографите, покажа разголено деколте на грбот.

Светкавиот фустан го искомбинира со чевли во златна нијанса од Џими Чу, а изгледот го комплетираше со обетки и неколку златни прстени.

„Шакира е вистинска глобална сила која продолжува да ги инспирира и влијае на масите со својата уникатна музичка уметност. Таа е предводник на жените ширум светот и една од првите уметници што ја предводи глобализацијата на латино музиката“, рече Брус Гилмер, претставникот за музичка продукција на Paramount+. „Нејзиното огромно влијание врз музичкиот пејзаж ќе биде трајно додека таа продолжува да создава музика и да забавува на највисоко ниво“.

Шакира има истакната кариера, со 95 милиони продадени плочи ширум светот, три Греми награди и четири награди за Moon Person.. Така, на ничие изненадување, таа оваа година ја понесе наградата Видео Авангард.

 

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....