6.6 C
Скопје
03:57 - 1 април, 2026

(Фото) Шакира и Том Круз заедно на Формула 1, изгледаат пресреќни: „Дали се во врска?“

Колумбиската пејачка Шакира и американскиот актер Том Круз разбрануваа гласини дека се во романса, пренесува „Дејли меил“.

Шакира (46) и Том Круз (60) беа забележани заедно на трката за Големата награда на Формула 1 во Мајами.

Пејачката беше облечена во тесен топ со длабоко деколте и спортски панталони, додека актерот носеше бела поло маица и темносини фармерки. Новинарите на „Дејли меил“ забележаа дека Круз и Шакира заедно ги гледале трките, разговарале и позирале пред фотографите. Откако во медиумите беа објавени заеднички фотографии од двете ѕвезди, корисниците на социјалните мрежи покренаа лавина коментари дека Шакира и Том Круз се во љубовна афера.

Во јуни 2022 година, Шакира се раздели од нејзиниот љубовник Жерар Пике по 11 години врска. Причина за јазот била романсата на фудбалерот со 23-годишната студентка Клара Чиа Марти. Том Круз пак, не излегува со никого во моментов. Последната јавна врска на актерот беше со колешката Кејти Холмс, а заврши во 2012 година по пет години брак.

Инаку, Шакира и нејзините две деца неодамна се отселија од Барселона, Шпанија, за да „отпочнат ново поглавје во потрагата по среќата“ во Мајами, САД.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....