Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: позираа во одлично расположение
Хрватската пејачка Северина на својот профил на социјалните мрежи сподели низа фотографии од прославата на роденденот на Петар Грашо, а за оваа пригода се одлучи за провокативно модно издание.
Имено, Северина избра црн чипкаст градник и црн сако кој го носеше раскопчан, во комбинација со црни панталони. Изгледот го надополни со необичен сребрено ланче.
View this post on Instagram
Косата ја собра во лесна пунџа, а шминката беше суптилна, со сенки со кои ги истакна очите. Во добро расположение, таа насмеано позираше со Петар Грашо, при што му упати и емотивна порака.
„Кога ќе се роди дете, слави семејството. Кога ќе се роди уметник, слави светот. Се запознавме во Австралија додека си игравме во песок и од тогаш нашето пријателство е игра. Ти си песна што трае и стих што се памети. Нека годините бидат нежни кон тебе како твоите мелодии, а секој нов ден нека ти биде уште еден рефрен. Ги прославивме чесно тие 50, изгледаше како Џејмс Бонд“, напиша таа.
По нејзината објава следуваа бројни позитивни коментари, меѓу кои и од Петар Грашо, кој напиша: „Вистинските и ретки пријателства не бараат потсетници, секојдневни гестови и многу зборови. Едноставно траат и секогаш се тука. Ти благодарам што одамна си покрај мене, токму таква каква што си“.
