7.8 C
Скопје
19:23 - 1 април, 2026

(Фото) Северина позира со мајка си: „Колку добро изгледа жената на 87 години!“

Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ направија заедничко снимање, а денес пејачката на социјалните мрежи објави дел од атмосферата од фотосесијата.

„Ау, мамо, првпат се сликаме заедно за насловна“, рекла Северина на почетокот на снимањето. „Зошто го правиме ова? Сега ти признавам колку ти е тешко кога се фотографираш”, рекла во еден момент мама Ана.

„Тито и јас. Таа беше во кома пет месеци по породувањето со мене, но вели дека вредело“, наведе Северина во описот на објавата на Инстаграм.

Објавата на Северина ги воодушеви нејзините фанови. „Какво прекрасно сеќавање ќе биде“, „На 87 години колку добро изгледа жената, а Севе е секогаш топ“, „Мајката изгледа прекрасно, браво! Северина – нашата драга кралица“, „Мама на 87 години изгледа 10 години помладо! Секоја чест и на двете!“, гласат дел од коментарите.

Пејачката претходно во неколку наврати истакна дека нејзината мајка и е најголема поддршка.

„Помина низ тежок живот со неподнослива леснотија на постоење… Ме бодреше, беше покрај мене кога беше најтешко, нејзината смеа ме лекуваше. Таа е мајка на сите мои пријатели, несебично споделуваше се, но најмногу љубов. Сè што сум јас сум поради неа…Мамо, среќна сум што ме роди, ти си мајка над мајките и мојата кралица“, напиша Севе своевремено.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....