16:49 - 3 април, 2026

(Фото) Северина како од мајка родена: „Млазен авион“ иако зачекори во шестата деценија

Верувале или не, Северина Вучковиќ зачекори во шестата деценија. По минатогодишната спектакуларна прослава кога го прослави јубилејниот 50-ти роденден, оваа година повторно приреди забава за паметење.

Хрватската музичка ѕвезда го собра своето семејство, најблиските пријатели и соработници во ресторан во Загреб, а на нејзиниот Инстаграм профил ѕирнавме на гала прославата која траеше до доцна во ноќта.

Амбиентот беше беспрекорно украсен со раскошни цветни аранжмани. На масите имало свеќи и циклама рози, а случајно или намерно, Северина облекла фустан во истата нијанса како и декорациите.

Славеничката плени во предизвикувачка мини креација која ја истакна нејзината фигура, на која би ѝ позавиделе и двојно помладите колешки.

Во еден момент пристигна и трикатната торта со фотографија на пејачката, а потоа секако следеше и дувањето свеќи.

Инаку, пејачката на роденденот сподели своја разголена фотографија од трудничките денови. И напиша: “како од мајка сум родена пред 51 лето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Пред малку повеќе од 11, и сама станав мајка па сама почувствував што е безусловна љубов. Нема на светот ништо поубаво, од тоа првиот што ви честита да биде малото чудо што ви растеше под вашето срце“.

 

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....