17.8 C
Скопје
12:54 - 13 март, 2026

(Фото) Се стопила поради исхраната на Новак Ѓоковиќ: Пејачката се здебелила 30 килограми во бременоста, а сега изгледа како авион

Пејачката Риалда Карахасановиќ се породи минатата година и на свет ја донесе ќерката Глорија, а иако во текот на бременоста се здебели 30 килограми, брзо успеа да ослабе и да ја врати старата фигура.

Недолго по породувањето, Риалда се вратила на тренинзите, а покрај физичката активност, таа со помош на редуцирана исхрана, успеала да ја доведе својата линија до совршенство.

Неодамна, пејачката позирала во бикини и воодушевила со својот рамен стомак и затегнати нозе без целулит, а комплименти за својот изглед редовно добива на социјалните мрежи.

Инаку, Риалда своевремено открила дека се храни како српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, и дека со помош на таа исхрана успеала да ослабе девет килограми.

– Јас сум голем обожавател на Новак Ѓоковиќ. Применив нешто од неговата исхрана што се покажа како навистина добро. Повеќе не јадам месо! Единствениот пат кога го прекршувам тоа правило е кога одам во Сараево и понекогаш нарачувам ќебапи, додека во Белград јадам само риба и така ослабев девет килограми – рекла тогаш таа и додала:

– И јас правам шејкови од целер, спанаќ, блитва, краставица… Има позитивен ефект врз мојата крвна слика. Јадам многу зелен зеленчук бидејќи ми го забрзува метаболизмот. Ако изедам тестенини, не можам да составам две реченици, немам сила… Сфатив дека тоа никако не ми годи. Затоа претпочитам да правам омлет од три белки, со блитва, спанаќ, пиперка и млад кромид. Тоа секогаш ми дава енергија. Покрај сето тоа, применувам и автофагија како Ноле, не јадам 16 часа на дневно!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rialda (@queenrialda)

Слични објави

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо
Се вчитува....