09:08 - 31 октомври, 2026

(Фото) Се соблече во бикини и се „тушираше“ на дождот: Оваа наша позната дама е најјака

Нејзе не ѝ пречи дождот, па се соблече во бикини и се „тушираше“ додека врне. Оваа наша позната и згодна дама, на видеото што го објави, рече дека сака кога врне.

Станува збор за Бети Котовчевска-Бетика, ресенчанката позната како „ледената кралица“, која секаде низ светот се капе во студена вода и тоа е нејзина страст и начин на живот.

Фото / Инстаграм

Бетика се капела во студена вода во 35 земји, а во Лапонија го поставила својот рекорд во вода која имала нула Целзиусови степени, а надворешната температура била минус 34.

Таа професионално играла ракомет и планинарела 10 години, сѐ до тешката сообраќајка која ѝ го сменила животот. Бетика ја следи работата на светски познатиот холандски спортист Вим Хоф. Таа вели дека неговата филозофија на учење и капење во студена вода ѝ помогнала да закрепне по сообраќајката.
Фото / Инстаграм

 

– Мојата најголема желба беше Вим Хоф да ја слушне мојата презентација. Сакав да знае дека неговиот метод ми помогна да се родам повторно, буквално. Да навлезам длабоко во себе, кога го поминав дното, по мојата сообраќајна несреќа.
Кого моето внатрешно хиперактивно дете го врзало за кревет, тогаш не можам да се носам со тие емоции. Тоа беше преголем залак за 18-годишна девојка, која го градеше својот сон 10 години. Сите мои соништа пропаднаа, лекарите ми рекоа дека ќе останам со некаков инвалидитет. Ме скрши на милион парчиња – рече Бетика во едно интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.
Се вчитува....