6.6 C
Скопје
03:54 - 1 април, 2026

(Фото) Се појавија фотографии со креветите на Маск во Твитер: Од влечки до пижами, „и самиот Маск редовно спие во канцеларија“

Новинарот на Би-Би-Си Џејмс Клејтон објави фотографии од канцелариите на главното претставништво на Твитер во Сан Франциско, во кои се поставени кревети за вработените. Фотографиите се достапни на Твитер профилот на новинарот.

„Добивме фотографии од канцелариите на Твитер, соби кои се претворени во простории за спиење за вработените“, напиша Клејтон.

Според него, во канцеларијата има и неколку софи, распоредени како кревети. „Очигледно многу вработени на Твитер остануваат преку ноќ на работа“, додаде тој.

Клејтон, исто така, откри дека Маск поставил плакар каде работниците можат да ја остават облеката за спиење.

„Ми кажаа дека и самиот Маск редовно спие во канцеларијата на Твитер“, рече новинарот.

На една од снимките на репортерот се гледаат и влечки слични на оние што се даваат во хотелите.

„Вработените велат дека собата на Илон Маск на Твитер изгледа како хотелска соба и е пренаменета конференциска сала“, заклучи Клејтон.

Претходно беше објавено дека Илон Маск наредил да се опреми канцеларијата на Твитер во Сан Франциско со кревети. Во собите се појавија кревети, ноќни масички со светилки, сиви завеси и видео екрани.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....