5.8 C
Скопје
00:14 - 17 март, 2026

(Фото) Се омажи Дани Димитровска, синот Лазар е пресреќен

Убави вести на социјалните мрежи сподели Дани Димитровска, уникатната поп-рок пејачка која е на сцената 25 години. Дани се омажи за својот долгогодишен партнер, поранешниот кошаркар Весел со кого живее.

Во јуни, Весел ја побара Дани за жена, а пејачката на својот Инстаграм профил објави заедничка слика на која таа е со свршенички прстен.

До сликата од венчавката, Дани само кусо напиша: Госпоѓа и господин. На другата слика е и нејзиниот син Лазар кој дојде од Холандија и уште една млада девојка. Може да се забележи дека најсреќен и најнасмеан на сликата е токму Лазар. Дани е облечена шик бела комбинација, панталони и блуза.

Дани и Весел Фото/ Инстаграм

Минатата година, во подкастот „Тивка врева“ на Петар Младеновски-Пеце од „Супехикс“, Дани раскажа дека станала мајка на 21 година, и пораснала заедно со својот син. Тој минатата година ги заврши студиите на Универзитетот за применети науки Fontys во Ајндховен, Холандија, а во јуни годинава, Дани се пофали дека магистрирал.

Ова е втор брак на Дани, првиот ѝ беше со таткото на Лазар, Јоцо, за кој претходно изјави дека ѝ бил најдобар другар, се знаеле од деца, и живееле во иста населба. Се разделиле кога и двајцата сфатиле дека подобро им оди како пријатели.

Дани се омажи во шик бела комбинација, а најсреќен е синот Лазар Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....