Популарниот македонски хип-хоп артист, Марко Маринковиќ – Слаткар, на Инстаграм сподели спонтано видео од неговата сопруга, Сања Николиќ, и нивниот син Моша.
На видеото, Сања и Моша се снимени во опуштена атмосфера за време на вечерна прошетка. Облечени во спортски комбинации и со насмевки на лицата, тие танцуваа додека одеа, а Слаткар го сподели видеото со неговиот хит „ФМ’.

Сања, која е позната по својата професионалност во светот на маркетингот и односите со јавноста, ретко споделува вакви приватни моменти, но овојпат фановите на Слаткар имаа можност да ја видат во опуштено издание.
Сања и Слаткар се во брак од 2014 година, а синот Моша се роди за време на ковид пандемијата, на 15 април во 2020 година.
