23:08 - 6 април, 2026

(Фото) Салма Хајек го прослави 57 роденден со секси фотографии: „Благодарна сум за сè со што сум благословена!“

Салма Хајек наполни 57 години и го прослави роденденот со серија фотографии од плажа, облечена во црвен дводелен костим за капење.

„Многу сум среќна што сум жива и толку благодарна за сè со што сум била благословена! Моето љубезно семејство, моите драги пријатели, моето здравје, мојата работа, мојот тим, мојот однос со животните и природата и љубовта на сите мои верни фанови… Среќен 57-ми роденден“, напиша таа покрај фотографиите во костим за капење кои им се допаднаа на 1,3 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Салма со години импресионира со својот изглед, а во една прилика откри дека практикува јога за да ја одржи фигурата.

„Некои луѓе се дисциплинирани, па вежбаат наутро. Никогаш не ја развив таа навика. Немам време за вежбање. Работам“, рече таа, откривајќи дека наместо тоа наоѓа време во денот да се занимава со хата јога, која се состои од на низа пози кои помагаат да се релаксира телото преку медитација и техники на дишење.

И очигледно, одлично ѝ делува на неверојатниот изглед.

Инаку, Хајек нема направена ниедна пластична операција на што е горда.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....