5.8 C
Скопје
01:41 - 1 април, 2026

(ФОТО) Родителска проба на ХЕЈЛИ И ЏАСТИН БИБЕР: По контрацепцијата, желбата за бебе кај манекенката расте!

Што прави Џастин Бибер со шишенце во рака и бебе во прегратка?

Засега тој е само чичко. 28-годишниот канадски пејач го запозна малиот Рајвер Роудс, новородениот син на неговиот пријател Џејсон Кенеди и Лорен Скрагс, а судејќи по фотографиите од средбата – веднаш објавени на Инстаграм – веднаш се заљуби во него.

Бебето, родено на 3 април, навистина го маѓепса канадскиот пејач кој постави две различни објави на својот профил, во кои го гушка малиот.

„Те сакам Рајвер, цел живот ќе те штитам“, напиша на првата постирана фотогалерија, „чичко“ Џастин, маѓепсан од моќта на ситното суштество.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

„Врати се наскоро, Рајвер“, се пошегува тато Џејсон во коментар на фотографиите, додека мама Лорен напиша: „Тој веќе го сака толку многу“.

Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин се уште немаат деца, но никогаш не ја криеле желбата да имаат големо семејство во годините што доаѓаат:

„Ќе имам онолку деца колку што Хејли ќе сака да ми подари“, изјави пејачот минатиот декември во шоуто на Елен Деџенерис, „Би сакал мало племе на Бибер, но телото е на Хејли и таа ќе треба да одлучи“ – додаде тој.

Вчера, 25-годишната манекенка на Јутјуб изјави дека во последните месеци следела програма за контрацепција без консултација со својот лекар, што би можело да биде една од можните причинители за мозочниот удар што ја погоди во март. И по големиот страв, засега ѝ е тешко да посака да се впушти во бременост. Во меѓувреме, сепак, родителите вежбаат за во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....