-0.2 C
Скопје
07:26 - 11 март, 2026

(Фото) Роберт де Ниро се појави во јавност со мајката на седмото дете Тифани Чен: Пресреќен и подмладен

79 годишната холивудска ѕвезда се појави во јавност во друштво на неговата 45-годишна избраничка која неодамна му роди бебе.

Де Ниро и Тифани Чен присуствуваа на отворањето на филмскиот фестивал „Трибека“ во Њујорк. Имено, синоќа Њујорк беше домаќин на отворањето на годишниот Меѓународен филмски фестивал „Трибека“, кој беше основан во 2002 година токму од Роберт Де Ниро, заедно со Џејн Розентал, Мартин Скорсезе и Крег Хаткоф за да се воспостави Њујорк како филмски главен град и да придонесе за обновување на долен Менхетен по нападите од 11 септември.

Роберт де Ниро беше облечен во широк црн костум и поло маица, а неговата љубовница Тифани Чен избра црн коктел фустан со средна должина и беж кардиган од кашмир. Де Ниро и Чен се држеа за раце и им позираа на фотографите.

На 9 мај се дозна дека 79-годишниот Роберт Де Ниро стана татко по седми пат. За време на неодамнешно интервју со новинар од порталот ET Canada, актерот случајно октил дека сега има не шест, туку седум деца.

„Само што ми се роди бебе“, рече тој.

Мајка на седмото дете на Роберт Де Ниро е неговата поранешна инструкторка по боречки вештини Тифани Чен, која актерот ја запозна на снимањето на филмот „Приправник“ во 2015 година.

Фановите коментираат на социјалните мрежи дека сега, покрај младата жена и бебето, Де Ниро е подмладен и дека изгледа пресреќно.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....