7.8 C
Скопје
19:23 - 1 април, 2026

(Фото) Римска традиција: Марк Цукерберг нарачал статуа за неговата сопруга

Основачот на Фејсбук, 40-годишниот милијардер Марк Цукерберг покажа дека не е само успешен претприемач кој заработил милијарди долари, туку и одличен сопруг. Така, тој нарачал статуа на неговата 39-годишна сопруга Присила Чан за да ја изрази својата љубов кон неа во стилот на старите Римјани. Тој на својата страница на Инстаграм покажа фотографија и видео од скулптурата која сега стои во градината на нивната куќа.

На фотографијата, Чан стои до статуата, облечена во пудра-розова наметка со бели и сини детали, додека пие од кригла. Шареното дело на Даниел Аршам ја прикажува мајката на три деца како стои во сребрена наметка која се вее на ветрот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Чан ја сподели објавата на нејзините „стори“ на Инстаграм со дрзок коментар: „Не можете да ме пропуштите!“

На еден блог за римска скулптура од Националниот музеј на Ливерпул пишува дека статуите и бистите од тој период често биле креирани за да им оддадат почит на починатите сакани или „за даискажат почит кон значајни роднини и да предизвикаат значајни асоцијации“.

Марк и Присила се запознале на студентска забава во 2003 година, кога и двајцата студирале на Харвард. Средбата се случила додека чекале во ред за тоалетот. Марк  за Присила „изгледал натипичен глупак“ тогаш, и не ѝ се допаѓал, но се согласила на состанок, откривајќи го овој човек на нов начин. Што се однесува до Цукерберг, Присила стана негова најблиска пријателка и љубов на неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priscilla Chan (@priscillachan)

 

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....