10:53 - 13 ноември, 2026

„Ми одмогна што сум брат на Дарко Лазиќ“: Драган искрено за односот со пејачот, а тој веднаш реагираше

Помладиот брат на фолкерот Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ, кој исто така е пејач, откри дека неговата роднинска врска со пејачот му попречила во кариерата.

Имено, Драган во една емисија искрено проговори за односот со својот брат, а неговата изјава ја сподели и Дарко Лазиќ.

– Тоа што сум брат на Дарко само ми одмогна. Новинарите ми се јавуваат, немам мир, затоа ги избегнувам медиумите – изјавил Драган Лазиќ.

Признава дека не сака јавно да се експонира, бидејќи како што вели сака да си ја зачува приватноста.

– Дарко е постар од мене, го советувам, но нема да го прифати мојот совет бидејќи сум помлад. Кога бевме помали, повеќе го тепав затоа што беше дебеличок. Деца како деца, тој период мора да помине – изјавил Драган за „Хајп“.

Популарниот пејач реагираше на неговата изјава со објава на својот Инстаграм.

– Кога бато ме фали – напиша Дарко со емотикони кои плачат од смеа.

Инаку, неодамна во јавноста се вртеше за врската на мајката на Дарко и нејзиното момче Драган Пауновиќ, со кој таа наводно се омажи.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....