6.8 C
Скопје
23:47 - 16 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Пробајте го слаткото од црвена пиперка! 

Сезоната на зимници е во тек. А, на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни открива рецепт за – верувале или не – превкусното слатко од црвена пиперка! 

Никогаш доста од необични и неодоливо вкусни работи!

Пробајте го слаткото од црвена пиперка! 

фото – приватна архива
Потребни состојки:
1,5 кг. ајварска пиперка
700 гр. шеќер
2 лимона
1 ванилин шеќер
1/2 лажичка цимет

Начин на подготовка:

Исчистете ги црвените пиперки од семките и жилите. Исечкајте ги на долги лени или на коцки (по ваш избор). Ставете ги во тенце, додадете го шеќерот, циметот, ванилата, ломоновиот сок и изрендана кора од лимон. Оставете преку ноќ да отстои за да се соединат сите состојки.
Наредниот ден, ставете го на тивок оган да проврие, и нека се вари околу 10-15 минути. Потоа, вклучете ја ринглата на повисок степен и варете го вообичаено како секое слатко. Додека врие, мешајте со дрвена лажица. Кога ќе биде готово слаткото, тргнете го и соберете го топло во претходно чисти теглички. Тегличките затворете ги убаво. Покријте ги теглите со крпа и оставете ги во темна просторија.
При подготовката, можете да додадете и каранфилче, црб бибер (мелен) за специфицеч вкус.
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
Ова е одличен прилог за со сендвичи, скара, најчесто послужувано со различни видови на сирења, посипано со пармезан, сенф и сл. 
НАВИСТИНА НЕОБИЧНО, НО МНОГУ ВКУСНО!

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....