7.8 C
Скопје
19:48 - 31 март, 2026

(Фото) Прв официјален портрет на Чарлс Трети во пресрет на посетата на Германија: Уметникот го насликал кралот без позирање

Првиот официјален портрет на кралот Чарлс III од Велика Британија е објавен во пресрет на неговата посета на Германија.

The Illustrated London News го објави првиот официјален портрет на Чарлс III, кој подоцна ќе се најде на насловната страница на специјалното издание на Coronation. Автор на портретот е уметникот Аластер Барфорд, кој ја портретираше и покојната Елизабета Втора во 2015 година.

Alastair Barford/Coronation Countdown/Twitter

Аластер Барфорд го насликал портретот на Чарлс III со техника масло на платно за две недели. Кралот на Велика Британија не можел лично да позира за уметникот, па му било дозволено да го набљудува монархот за време на февруарските приеми во Бакингемската палата.

„Голема чест и огромна одговорност е да се создаде портрет на личност што значи толку многу за толку многу луѓе“, рече Барфорд, нагласувајќи дека тргнал да ја „долови топлината, чувствителноста и сочувствителноста“ на владетелот.

Во среда, на 29 март, Чарлс III и неговата сопруга Камила заминаа во тридневна официјална посета на Германија. Оваа посета ќе биде прво патување во странство на кралот на Велика Британија од неговото доаѓање на тронот во септември 2022 година. Се очекува монархот да биде примен во Берлин со воени почести, а тој самиот да одржи говор во Бундестагот.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....