16:53 - 10 ноември, 2026

(Фото) „Профит од нафта или нашата иднина?“ – Гринпис се качи на куќата на британскиот премиер, додека тој е на одмор со семејството

Активисти од Гринпис ја покрија куќата на британскиот премиер Риши Сунак со црн штоф во знак на протест против енергетската политика на неговата влада. Тие, како што потврди полицијата, на покривот на куќата се искачиле изутринава (3.08). Во објектот не упаднал никој. „Премиерот и неговотот семејство не се дома“, соопшти полицијата. Уапсени се петмина.

Четворица активисти се качија на покривот на неговиот имот во Кирби Сигстон. Тие претходно утврдиле дека семејството не е дома, туку на одмор, цитираше британската агенција ПА еден претставник на Гринпис. Според неговата изјава, тие тропале на вратата и најавиле мирен протест, но никој не одговорил. Сунак во радио емисија вчера зборуваше за тоа дека со своето семејство ќе се одмора во Калифорнија.

Британската влада неодамна објави дека и покрај острите критики од заштитниците на климата ќе издаде стотици лиценци за производство на нафта и гас во Северното Море. Премиерот Сунак пред три дена, при посетата на Шкотска, најави дека со тоа ќе се отворат илјадници работни места.

Гринпис објави и фотографија и порака до премиерот:

„Профит од нафта или нашата иднина? Науката е недвосмислена: за да има сигурна клима не смее да има нафтени и гасни проекти.“

Фото: Фејсбук

 

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....