11:48 - 2 април, 2026

(Фото) Принц Хари „зева“ на концерт на Бијонсе, Меган се забавува „до даска“: Еве ја атмосферата во вип ложата

Принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на концерт на турнејата Ренесанс на Бијонсе на стадионот SoFi во Инглвуд.

На парот им се придружија неколку пријатели и мајката на Меган Маркл, Дорија Рагланд. Еден од фановите во салата успеа да ја фотографира групата како ужива во концертот во нивната приватна вип ложа.

Кралското семејство го следеше кодексот на облекување на вечерта – сребрени модни изгледи или детали.  Меѓутоа, фановите забележале дека принцот Хари не е посебно задоволен од концертот. Неговата фотографија со тажно лице стана меме на социјалните мрежи.

Меган Маркл за концертот избра здолниште во сребрена нијанса, посипано со светки и бел топ. Принцот Хари носеше сребрен блејзер преку сива маица и бели панталони.

Војводата и војвотката од Сасекс ја запознаа Бијонсе кога нејзиниот сопруг Џеј Зи присуствуваше на лондонската премиера на „Кралот лав“ во 2019 година. Во тоа време, Меган и Хари сè уште беа активни членови на британското кралско семејство.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....