01:00 - 5 април, 2026

(Фото) Пред Новак го сакаше него: Бившиот на Јелена е колега на Ѓоковиќ

Иако беа во кратка врска, неговото име продолжи да се споменува во медиумите и надвор од рубриките резервирани за спорт.

Јелена, сопругата на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, своевремено имала романса со маж кој, според регионалните медиуми, до пред неколку месеци работел како тренер во центарот на Новак.

Инстаграм

Јелена и Новак Ѓоковиќ се запознале во средно училиште, но пред да започнат романтична врска,  да се венчаат и да добијат две деца, имале кратки врски со други партнери.

Иван Бјелица, инстаграм

Во времето кога сè уште се презиваше Ристиќ, Јелена беше вљубена во тенисерот Иван Бјелица. Иако беа во кратка врска, неговото име продолжи да се споменува во медиумите и надвор од рубриките резервирани за спорт.

Иван пред пет години почна да излегува со актерката Христина Поповиќ. Иако никогаш јавно не проговорија за својата врска, стана јасно дека на нивната љубов и дојде крајот во 2018 година, кога актерката избриша заеднички фотографии од својот Инстаграм профил.

Иван Бјелица своевремено беше перспективен тенисер, кој стигна до 290. место на АТП листата. Освои 12 трофеи на ИТФ турнирите, а беше успешен и како играч во парови.

Во својата сениорска кариера одигра повеќе од илјада натпревари.

Дипломирал банкарство и финансии на Универзитетот во Мисисипи, а денес е почитуван тренер.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....