14:39 - 6 ноември, 2026

(Фото) Право од концерт во авион: Спасен си замина од Македонија

Право од концертот на Влатко Миладиновски на кој настапи вчера како гостин, Спасен Силјановски објави слика од авион објавувајќи дека заминува од Македонија.

-Америка, доаѓам- напиша фолк-пејачот кој таму ќе ги помине новогодишните празници и ќе настапи за нашите иселеници. Инаку, Спасен гостуваше на концертот на својот колега и пријател од Кичево, Влатко Миладиновски и направи џумбуш на песната „Ќе ти дојдам“.

Инаку, кај пејачот дома е како во вистинска новогодишна бајка, од елката, до украсите и каминот на телевизорот во позадина кој дава празнична топлина. На сликата која пејачот ја сподели неодамна, неговата сопруга е облечена во новогодишен џемпер, а Спасен до оваа слика напишал: „Време за кафе со Анушка“.

На „Хајп ТВ“, фолк пејачот го прашаа која од три пејачки би ја бакнал и која би ја оженил, а тој рече: „Блага Петреска ја почитувам многу, може мајка да ми биде, не би ја бакнал. Стојне и Гавазова се и двете навистина згодни девојки, двете би ги бакнал“.

 

Слични објави

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо

(Фото) Познататa босанска актерка се потсети на старите времиња со Горан Баре и Халид Бешлиќ: Уметноста секогаш ги зближува луѓето

Еспресо
Се вчитува....