12:18 - 7 ноември, 2026

(Фото) Познатата водителка на Пинк мета на сајбер насилство – еве што им порача на злобниците што објавија монструозна вест за Душица Јаковлевиќ

Не престанува сајбер насилството над јавни личности за кои се појавуваат лажни вести за нивната смрт, што ја вознемирува целата јавност, особено членовите на нивните семејства и пријатели.

Популарната водителка на Пинк, Душица Јаковлевиќ, остана шокирана кога на мрежите доби бизарна вест.

„Црн понеделник во Србија, сите се збогуваат со Душица“ – гласеше насловот на лажната монструозна вест на еден портал, а Душица веднаш реагираше на Инстаграм:

„Секој што измислува ваква монструозна работа затоа што знае дека е срам за своите деца, дека сте срам за вашите пријатели, дека сте лоши луѓе, мизерни, бедни, ситни. Не ми е јасно како може некој да се занимава со ова заради некои ситни поени, па сакав да ти кажам, Господ нека ти е на помош со такви размислувања и такви психички нарушувања што можеш да измислуваш такви работи. Фала му на Бога, никогаш нема да знам како е да се биде толку лош човек. Жал ми е за тебе“, рече водителката, а потоа додаде:

„Замислете да се разбудите наутро и да помислите: Што би можел да смислам денес!? Да смислам дека нешто ѝ се случи на Душица. Ако веќе си неопеано и бескрупулозно зло, тогаш немој да го правиш тоа поради твоите родители… Уште носиш нечие презиме. Ако имате деца, не правете го тоа заради децата, тие ќе го наследат вашето презиме“ , порача Душица.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....