02:34 - 7 ноември, 2026

(Фото) Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез стана татко по седми пат: „Божјиот тајминг е секогаш совршен“

Американскиот пејач Марк Ентони и неговата сопруга, манекенката Надија Фереира, станаа родители.

Добрата вест Марк Ентони ја сподели со фановите на социјалните мрежи: 54-годишниот пејач објави црно-бела фотографија на која се гледа како држи новороденче и раката на неговата сопруга. Музичарот не го откри името и полот на бебето, само рече дека бебето е родено на 18 јуни, денот кога во многу земји се славеше Денот на татковците.

„Божјиот тајминг е секогаш совршен. Среќен ден на татковците“, напиша под фотографијата Марк Ентони.

Мајка на детето е 24-годишната манекенка, добитничка на титулата „Мис Парагвај“, Надија Фереира, со која Марк Ентони се ожени на почетокот на 2023 година. За Надија ова дете е прво, а за Марк – седмо.

Од 2000 до 2002 година, пејачот беше во брак со порториканскиот модел, актерка и носителка на титулата Мис Универзум 1993, Дајанара Торес, која му роди два сина, Кристијан и Рајан. Во 2004 година, Ентони се ожени со пејачката и актерка Џенифер Лопез, а во 2008 година ги добија близнаците Ема и Максимилијан.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....