14:53 - 1 април, 2026

(Фото) Поранешната сопруга на Елвис Присли се појави на филмскиот фестивал во Венеција

78-годишната американска актерка и бизнисменка Присила Присли се појави на црвениот тепих на 80-тиот филмски фестивал во Венеција.

Поранешната сопруга на покојниот Елвис Присли, која го направи своето прво појавување на црвениот тепих по смртта на ќерката Лиза Мари во јануари 2023 година, го украде вниманието во црн сатенски костум со проѕирни ракави.

Изгледот го заокружила со црни чевли со високи потпетици, а единствен аксесоар кој се забележува ѝ е дискретната црна чанта.

Поранешната сопруга на Елвис Присли се појави во јавноста во друштво на австралискиот актер Џејкоб Елорди и режисерката Софија Копола. Тие го претставија биографскиот филм „Присила“ за животот на најголмата љубов на легендарниот музичар. Главната улога во филмот ја играше актерката Кејли Спени.

 

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....