5.8 C
Скопје
00:16 - 1 април, 2026

(Фото) Попоски предупредува на интензивни дождови, поплави веќе има во Гостивар: Поплавени се улици, подруми, неколку куќи

Пороен и силен дожд ја зафати општина Гостивар, а веќе бројни се пријавите за поплавени куќи, подруми и помошни објекти.

Поплавена е улица Бањешница, во општина Гостивар, но со поплава се соочуваат и жителите на на околното село Беловиште, општина Гостивар, каде поплавени се неколку куќи и патот во селото.
Во нас.Циглана, општина Гостивар, постои опасност од поплавување на куќи. На ул.Беличица, општина Гостивар, поплавена е куќа со помошнји објекти, а на ул.Трајко Јовановски бр.18 , општина Гостивар поплавени се подрумски простории од куќа.

принтскрин

Метеопрогнозерот Славчо Попоски веќе нагласи во изминатите денови дека граѓаните треба да бидат внимателни, а денес додава дека поројните поројните врнежи и грмежи ќе зачестуваат во следните денови.

– Нашата територија до првите денови од месец јуни ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град – предупредува Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Попоски предупредува на голема внимателност: Доаѓа невреме, еве кога

Насловна фотографија-анплаш

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....