10:01 - 13 ноември, 2026

(Фото) Половина век на сцена – најпознатата лото девојка во Југославија прослави 50 години кариера

Една од најпрепознатливите ТВ личности од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, одбележа значаен јубилеј – 50 години кариера.

По тој повод, таа на социјалните мрежи сподели фотографија од прославата, каде позира во впечатлив црвен кадифен фустан, покрај свечена торта со бројот 50.

„Не славев роденден, туку 50 години од мојот прв хит ‘Огледалце, огледалце’. Половина век исполнет со работа, радост и незаборавни моменти“, напиша Манчиќ.

Во својата објава, таа се наврати на долгогодишната кариера, во која остави трага како пејачка, водителка и актерка. Зад себе има десет музички изданија, бројни телевизиски проекти и настапи на фестивали.

Публиката особено ја памети како заштитно лице на емисијата Лото, каде со години беше симбол на играта на среќа.

Покрај телевизијата, Манчиќ се појави и во филмовите Жикина династија и Ќао, инспекторе, како и во серијата Село гори, а баба се чешла, а објави и две книги.

Со половина век кариера зад себе, Манчиќ и понатаму останува активна и присутна на јавната сцена.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....